НЛБ Банка - најдобра банка во Македонија според Euromoney

12.07.2018 | 15:16
Прочитано: 380

На 11-ти Јули, 2018 година на свеченото доделување на Euromoney наградите во Лондон, НЛБ Банка АД Скопје е прогласена за најдобра банка во Македонија.

Ова награда е уште една потврда за особениот успех во надминувањето на сите  поставени предизвици на Банката, посветеноста на сите вработени, како и постигнатите извонредни финансиски резултати.

Во своето соопштение магазинот Euromoney објаснува зошто НЛБ Банка АД Скопје ја прогласи за најдобра банка во Македонија за 2017 година:

„Натпреварувајќи се на висококонкурентен банкарски пазар, банката која се истакна со резултатите минатата година во Македонија е НЛБ Банка АД Скопје, благодарение на остварената доминатна профитабилност во секторот, подобрениот квалитет на средствата и инвестициите во дигитализацијата.

Банката оствари поврат на капиталот од 28% како резултат на остварената добивка од 40 милиони евра што претставува годишен пораст од 60%. Овој импресивен резултат во голема мера беше поттикнат од силниот раст на кредитирањето на населението, работењето со картички, платежните услуги и продажбата на осигурителни производи. За истото придонесе и зголемувањето на нето каматната маргина на 4,9%,  а фокусот на ефикасноста ја одржа  стапката на трошоци во однос на приходите на само 38%.

Вкупната актива се зголеми за 7,2% во 12-те месеци до крајот на декември 2017 година, во согласност со растот на кредитирањето и депозитите, со што НЛБ Банка АД Скопје оствари учество од 16,4% на локалниот пазар. Учеството на нефункционалните кредити се намали за 0,5 процентни поени и изнесуваше  5,2%, додека на крајот на годината стапката на адекватноста на капиталот порасна на 14,4%.

Дигиталниот развој на Банката за периодот за кој се наградува вклучува лансирање на НЛБ мПроклик - мобилна апликација за правни лица, како и континуираното надградување и степенот на користење на НЛБ мКлик - мобилната апликација за физички лица.”

НЛБ Банка АД Скопје согласно својата стратегија во фокусот на работењето го има задоволството на своите клиенти и  континуирано и посветено работи на изнаоѓање на најоптимални решенија за секој поединечен клиент.

Банката и понатаму ќе продолжи да ги следи светските технолошки трендови и како современа и креативна банка да биде посветена на дигитализацијата и унапредување на банкарските процеси. Паралелно со постојаното надградување на дигиталните сервиси, континуирано ќе ја осовременува и проширува мрежата на експозитури на Банката. На тој начин на своите клиенти им дава избор  да се одлучат за новите и современи или за традиционалните начини на работење со Банката.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.