Низа пропусти во работата на наставниците во Неготино

16.04.2018 | 17:16
Прочитано: 1485

Пропусти кај наставниците од неготинското училиште, каде минатата недела се случи тепачка меѓу три ученички, утврдил просветниот инспектор. Телевизија 24 неофицијално дознава дека службите од училиштето затаиле зато што во второто полугодие поведението на ученичките кои ја тепаа својата соученичка било незадоволително, но тие не ги повикале родителите на разговор за да им го укажат тоа.

Од министерството за образование потврдуваат дека контролата која ја извршил инспекторатот покажала дека некои одделенски наставници од основното училиште „Гоце Делчев“ во Неготино педагошката евиденција ја вршеле со пропусти.

„Не би можеле да ги исклучиме неправилностите настанати порано во поглед на водењето на педагошката евиденција од страна на одделенските раководители. Било потребно да се изврши советување на родителите и порано и тоа е она што е дадено како препорака на Државниот просветен инспекторат и тоа е дадено како препорака. стручниоте служби да ја вршат својата работа и да ги повикуваат родителите и учениците.“ - вели Владимир Делов – портпарол на МОН.

Трите ученички од деветто одделение, кои во средата учествуваат во брутална тепачка, која осамна и на јутјуб, денеска се повикани на разговор во центарот за социјални работи во Неготино. Заедно со нив, повикани се и нивните родители, стручните служби од училиштето, кои во присуство на социјален работник треба да го расчистат настанот. Од денешниот разговор ќе зависи и како ќе постапи полицијата и какви пријави ќе добијат учесниците во тепачката.

Од полиција изјава најавија за утре. Настанот кој ја потресе македонската јавност, кога две ученички брутално тепаат и влечат за коса нивна соученичка, а нивните врсници само гледаат сеири снимаат со телефоните, го осудија сите надлежни институции, вклучувајќи го и министерството за образование.Од друга страна, експерти од оваа област за телевизија 24 коментираат дека ова е резултат на долгогодишното потфрлање на министерството за образование и исклучувањето на социјалните работници како кадар во образованието. Од детската амбасада „Меѓаши“ прстот исто така го вперија во министерството, кое го повикаа на одговорност.


Владимир Тевчев
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.