Нимиц: Сеуште нема конечно решение, двете страни се одлучни да го најдат

25.05.2018 | 20:10
Прочитано: 5009

По два дена завршија преговори во Њујорк – кончено решение се уште нема, но  шефовите на дипломатиите на Маекдонија и Грција, Никола Димиторв и Никос Коѕијас дијалогот го продолжуваат во Брисел. Иако решение во моментов немаме прашањата се добро дефинирани, и нивниот опсег е стеснет, изјави по маратонските  преговири медијатор Метју Нимиц.

„Имавме средби вчера и денеска имавме разговори со министрите, и можам да кажам дека ова беа работни средби, прашањата се добро дефинирани, нивниот опсег е стеснет, но немаме конечно решение на прашањето. Сепак, двете страни се определени да направат доволно за да се обидат да пристигат решение и напорно работатат на тоа.“ - изјави Нимиц.

По шест часа вчера, и околу два денеска, министрите за надворешни работи на Маекдонија и Грција, Димиторв и  Коѕијас се одлучни,  двете страни ги бранат националните интереси, но знаат дека е важно да има решение, додаде Нимиц.  Никола Димиторв и Никос Коѕијас денеска повторно без изјави.

„Преговорите се значително интензивирани, како што рекоа двете страни имаат важни позиции, во прашање се националните интереси. Разбирливо, двете страни си ги бранат националните интереси, но ја знаат важноста од постигнување решение и се одлучни да го сторат тоа.“ - потенцираше тој.

И додека Македонија на новата  рунда преговори замина со предлогот Илинденска Македонија, Грција остана  на ставот дека решението треба да се бара од пакетот предлози на Нимиц. Средбата во Њујорк следеше по минатонеделните разговори на премиерите на двете земји Зоран Заев и Алексис Ципрас на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија на кои опцијата „Република Илинденска Македонија“ беше издвоена како најприфатлива.

По завршувањето на денешниот состанок на новинарско прашање, дали Нимиц ќе се сретне со премиерите на Македонија и Грција Зоран зАев и Алексис Ципрас, тој одговори  министрите често разговараат, а премиерите добро се познаваат и се надева дека ќе успеат да најдат решение.


Сандра Бошковска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.