Нимиц: Пакетот предлози не навлегува во идентитетот

20.01.2018 | 11:34
Прочитано: 2497

Не навлегувам во идентитетот на државата, туку го зајакнувам. Вие имате силен идентитет, не само од осамостојувањето, туку и од време на поранешна Југоставија и од Отоманската империја, рече медијаторот Метју Нимиц во интервју за македонски медиум, а во врска со предлогот за решавање на прашањето за името.

Според Нимиц, не е тајна дека дека договорот е сеопфатен. Се обидов да ги опфатам најголемите проблеми и да најдам начин од интерес на двете страни. Според Нимиц, со предлогот идентитетот е безбеден и е уште повеќе зајакнат. Нимиц вели дека предлозите се напишани на четири страници.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.