Никола Саздовски бил убиен на свиреп начин со голи раце

17.07.2018 | 18:27
Прочитано: 5157

Тројцата напаѓачи кои го претепаа Никола Саздовски до смрт,  ќе одговараат за свирепо убиство.  Последното вештачење  покажало дека не било користено оружје, а Саздовски  бил убиен со голи раце.

Бил претепан со боксови и клоци по главата и градите, а откако паднал на земја и изгубил свест,  ударите продолжиле.  Токму овие факти биле клучни обвинителство да ја смени  квалификацијата  од насилство во убиство извршено на свиреп начин.

„Ова вештачење беше доставено во обвинителството на 16 јули 2018 година и од него неспорно произлегува динамиката на кривично-правниот настан во смисла на видот и карактерот на здобиените повреди кај лицето Н.С., а се утврдува и причинско-последичната врска на нанесените повреди и нивното влијание на смртниот исход.“ - велоат од обвинителството.

По промената на делото, двајцата притворени напаѓачи повторно ќе бидат однесени на распит во обвинителството. За третиот сторител, се распишува меѓународна потерница. Обвинителството ќе бара и психијатриско вештачење на напаѓачите кои се во истражното одделение во Шутка.

Првичната казна која беше предвидена за насилство се движеше меѓу 3 и 10 години, но за новото дело има потешка затворска казна.

„Со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор ќе се казни тој што: 1) друг ќе лиши од живот на свиреп или подмолен начин.“

Никола Саздовски беше претепан до смрт на автобуската станица во автокоманда на 29 јуни. По десетина дена борба за живот, почина на КАРИЛ. Неговата смрт предизвика протести со осуда и  барање правда, предводени од навивачката група Комити, во која и Саздовски беше член.  Што стои во позадина на овој настан обвинителството допрва ќе треба да открива.


Христина Беловска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.