Неподвижна жена загина во пожар во Охрид

12.02.2018 | 17:20
Прочитано: 1277

70 годишна Охриѓанка рано утринава изгоре во пожар во сопствениот стан во зграда на булевар „Туристичка“. Откако првите соседи почуствувале миризба на чад веднаш повикале пожарна служба. Но, кога дошле пожарникарите веќе било доцна, жената  била мртва, а телото речиси пеплосано.

Пожарот го гаселе 6 пожарникари со 2 возила кои спречиле огнената стихија да се прошири кон другите станови. На лице место дошле и медицински екипи кои констатирале смрт.

„Во станот на првиот спрат каде беше пријавен пожар, беше затекнато тело во четврти степен на изгореници. телото беше јагленисано.“ - изјави пожарникарот Горан Маркоски.

Жената била неподвижна и живеела сама.Соседите ретко ја гледале, не чуле ниту глас за помош утринава. Ги разбудила миризбата на чад која сеуште се чувствува дури до улица. На случајот работи и крим техника кои ја проверуваат и електричната енергија во станот но првичните проценки е дека причината е отпушок од цигара.

„Сите анализи кои се подигнати се предмет на дополнителни вештачења и ќе треба да се утврди причината.“ - изјави Стефан Димоски, портпарол СВР Охрид.

Телото е предадено на обдукција, а конкретните причини за пожарот ќе се знаат за неколку дена.


Адријана Митевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.