Нема победник меѓу Вардар и Шкендија ни во Купот на Македонија

21.02.2018 | 18:53
Прочитано: 848

Вардар и Шкендија ја одиграа првата четвртфинална пресметка од купот на Македонија, а причини за задоволство имаат и двете екипи. Мечот на арената „Филип Втори“ заврши без победник, но со голови, 1-1, што по дефиниција е резултат благо наклонет на гостинот, Шкендија.

Сепак и Вардар има зошто да биде задоволен, бидејќи губеше со 0-1 до 79. минута, кога Фелипе ја покажа својата фудбалска маестралност. Бразилецот изведе слободен удар од 18 метри и постигна прекрасен погодок. Претходно, тетовци 16 минути беа во водство, откако Ибраими се запиша како стрелец, по една грешка на Глишиќ во вардаровата одбрана.

Вардар и Шкендија треба да го дадат последниот полуфиналист, откако прехтодно се пласираа Аакадемија Пандев, Ренова и Пелистер. Реваншот во Тетово се игра на 7 март.


Владко Арсов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.