Нема плата за институциите кои не си ги преброиле вработените

04.02.2018 | 17:08
Прочитано: 4071

Уште идната недела на владина седница ќе се направат системски и техничи измени, со кои ќе се овозможи институциите кои ја избегнуваат законската обврска да ги ажурираат податоците за вработените да останат без плата.

На ова предупреди министерот за информатичко општество Манчевски во интервју за Радио Слободна Европа. Според него пребројувањето е важно за да се спроведе реформата во јавната администрација, но и да може да се изготви извештајот што министерството треба да го објави идниот месец

„Во изминатиот период се обидовме на неколку начини, со укажувања, со информации и одлуки на влада, инспекциските служби се ангажираа и се подобро состојбата. Сеуште не сме сигурни дека на крајот на годинава со извештајот што треба да го дадеме за минатата година во март, ќе можеме да кажеме дека бројката што ќе ја објавимне, целосно ќе доаѓа од системот или ќе биде набиена преку споредба на бази на податоци, со што бројката што се добива е приближно точна, но не  целосно точна.“ - вели Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација.

Министерот Манчевски вели дека администрацијата е превработена, но дека и покрај тоа нема да има отпуштања од работа. Со реформите од идната година вишокот на административци ќе се понуди на приватниот сектор кој за превземањето ќе добие субвенции. Претходно во интервју за ТВ 24 бизнисменот Зоран Витанов апелираше да престанат партиските вработувања во државните институции. Витанов тогаш рече дека на грбот на приватниот сектор е цела армија вработени.

„Тоа значи трошок, а се што е трошок ако е непродуктивен и нема позади него бенефит, тоа е една проектирана загуба.“ - вели Зоран Витанов во 24 анализа.

Според податоците за 2016 година во Регистарот се заведени 130 илјади државни службеници. Владата, но и бизнис секторот тврди дека оваа бројка не е целосна и најверојатно таа се движи до 160 илјади.


Ирена Смиљанска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.