Нема кадар ниту дијагностика за спречување на болнички инфекции

23.02.2018 | 17:33
Прочитано: 1310

Седум од десет пациентите кои се на интензивна нега умираат ако се заразиле со некоја од поопасните бактерии кои виреат таму вели професорката Каќа Поповска од Институтот за микробиологија . Македонија нема ефикасен систем на регистрација и дијагностика на  интрахоспиталните инфекции. Болничката хигиена е само дел од превенцијатa, но недостасува и едуциран кадар, вели  Поповска.

„Постоечките медицински сестри се делигираат  поедини сестри кои што се тераат да се научат. Најстрашно е што немаат континуитет во едукацијата затоа што во одредена гарнитура е една сестра, ќе се смени раководството е друга сестра. Тука е прекинот на знаења за системот да функционира“, вели Каќа Поповска - Раководител на Институтот за микробиологија и потпреседател на Комисијата за интерхоспитални инфекции

Увидот направен од надлежните покажал дека интрахоспиталните инфекции биле утврдени на неколку клиники кои се критични места.

„КАРИЛ, имаме интензивна нега на интерна медицина, хирургија, гинекологија, детски блести... тоа се десетина критични места каде се случуваат. Меѓутоа каде  може да се направи инвазивно истражување, а со употреба или неупотреба   на одредени каутели за антисепса   и асепса може да доведе до појава на инфекција“, вели Д-р Жарко Караџовски – Институт за јавно здравје

За справување со овој проблем СЗО ќе и помага на Македонија во изготвувањето на нова стратегија, а ресорното министерство формира нова национална комисија за интрахоспитални инфекции каде ќе се едуцираат кадри, вели д-р Караџовски.

Токму интрахоспиталната инфекција која ја доби 39-годишна жена пред еден месец на една од скопските клиники е причина што таа сега ќе остане без една нога.


Ивана Стојкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.