Нечист Клинички центар

12.07.2018 | 17:17
Прочитано: 709

Клинички со месеци се дави во ѓубре. И денеска сликата пред болничките дворови е идентитична како претходно – преполни корпи со отпадоци, ѓубре расфрлано по тревниците и патеките, револтирани пациенти и граѓани. Здравствените власти се уште без конкретно решение.

Министерот за здравство без прецизен одговор кога конечно ќе се реши овој проблем. Вели дека преговара надлежностите за одржување на хигиената да ги преземе јавното претпријатие Комунална хигиена.

„За скоро време тоа ќе се реши и ќе има контиунирано чистење од Јавното претпријатие Комунална хигиена.“ - изјави Венко Филипче – Министер за здравство.

Во меѓувреме Филипче испратил допис до директорите на клиниките да ги ангажираат хигиеничарките во установите да го собираат ѓубрето пред своите дворови додека го решат финално проблемот, за што ќе им биле потребни уште неколку недели.

Од ЈП Комунална хигиена пак велат дека Службата за општи и заеднички работи од Клинички им должи околу 30 милиони денари и дека тие немаат обврска да го чистат кампусот. Акциите за чистење се на добра волја, но не се доволни. Директорот на претпреијатието им порача на здравствените власти да си најдат решение.

„Ние имавме состанокј со нив, но не најдовме заеднички јазик.“ - изјави Абдусамед Шабани -  Директор на ЈП Комунална Хигиена

Директорката на службата за општи и заеднички работи пак не одговори на нашите прашања зошто службата не им плаќала на комуналните служби. Филипче тврди дека имаат план за враќање на долговите.

И додека здравствените власти се уште бараат решение, граѓани на социјалните мрежи почнаа сами да се организираат за чистење на кампусот клиники. Пред неколку дена чистеа и холаднски гимназијалци од холандска невладина организација, кои не останаа рамнодушни на грдата слика во најголемата здравствена установа во земјава. 


Ивана Стојкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.