Не помина планот за реорганизација на Фени, кој го поднесе швајцарски Џи Сол

20.06.2018 | 18:36
Прочитано: 3765

Џи Сол ги прифати забелешките кои стечајниот управник ги има на нивниот план за реорганизација на Фени. Овој став го соопшти адвокатот на потенцијалниот сопственик на кавадаречкиот комбинат на денешното собрание на доверители, кое се одржа во Велешкиот суд.

Од Џи Сол, кој веќе купил 91 процент од побарувањата, побараа судијката Валентина Ѓорѓиевска да им даде краток рок да ги внесат забелешките во планот, но, тоа ги разгоре страстите кај другите доверители. Тие се противат на ревизија на планот, бидејќи тоа било незаконски и бараа судот да го отфрли, оти бил поднесен по рокот.

„На предлагачот му е дадена можност да направи корекции на предложениот план кој е вон сите законски рамки“ - изјави Дејан Кнезовиќ, адвокат на Енекод

Ова ги разгневи работниците, кои во овој потег гледаат ново одолговлекување на стечајот.

„Неколку помали доверители не си ги продале навреме своите побарувања па сега не ги обесштетува купецот во висина во која тие посакуваат“ - вели Пеце Ристески – претседател на СИЕР.

Претставниците на бугарската компанија Минстрој на денешно собрание уште еднаш повторија дека нивната понуда за купување на имотот на Фени е многу подобра од начинот со кој Џи Сол ги исплаќа доверителите, со само 15 проценти од побарувањата. Во одбрана на Минстрој е и кавадаречкиот градоначалник и советот на општината. Тие упатиле писмо до стечајниот судија за подршшка на бугарската компанија. Ова го разочара синдикалецот Ристески.

„Тоа е срамно за еден градоначалник, очигледно дека е недозреан за вакви едни тешки одлуки“ - рече Ристески.

Фени е веќе седум месеци во стечај, а пет месеци под наем го работи швајцарски Џи Сол.

„Задоволни сме затоа што успеавме да ја вратиме сигурноста односно довербата на луѓето оти ги исплативме сите вработено, ги исплативме сите доверители“ - вели Маркос Камис, сопственик на Џи Сол.

Откако во судот се констатира дека Џи Сол е најголем доверител со откупени 91 процент од побарувањата, се поизвесно е дека на 4 јули, собранието на доверители ќе го изгласа планот за реорганизација, со што комбинатот ќе излезе од стечај, а Џи Сол ќе стане негов сопственик.


Владимир Тевчев
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.