НБРМ: Инфлацијата од сегашните 1,4% умерено ќе се забрзува и до 2019 година ќе стигне на 2%

20.01.2018 | 17:16
Прочитано: 1344

Економските аналитичари очекуваат постепено забрзување на инфлацијата
во наредните две години. Анкетата на Народната банка, спроведена во декември лани покажала дека во следниве години поскапо ќе се живее. Повисоката акциза за дизел горивата сепак ќе повлече зголемување на цените и на другите производи. Инфлацијата од сегашните 1,4% умерено ќе се забрзува и до 2019 година ќе стигне до 2 проценти. На тоа ќе влијае и повисоката акциза за цигарите, либерализацијата на цената на струјата, зголемената минимална плата, но и најавените промени кај персоналниот данок на доход.

Граѓаните велат дека цените секојдневно се зголемуваат.

„Очигледен е некој почеток на инфлација и полека се креваат цените. Сега ќе биде логично, бидејќи штом цените на горивата се зголемуваат треба многу да се внимава. Акцизите се добри за една држава, но не се решение“,
„Како што ги снемува производите се покачуваат цените“,
„Се се покачи, народот нема куповна моќ“,
„Сегасе живее тешко, а ќе биде уште потешко“, велат анкетираните граѓани

Од Министерството за финансии велат дека нивните проекции се релативно блиску со оние на Народната Банка. Инфлацијата годинава ќе изнесува 1,8 проценти.

„Во проекциите на Министерството за финансии се веќе вградени и мерките како минималната плата и акцизата за дизелот. Овие проектирани стапки се во контекст на очекувањата за зголемена економска активност и особено континуирано солидна лична потрошувачка, како и постепено опоравување на инвестициите“, велат од Министерството за финансии.

Од друга страна, економските аналитичари очекуваат реалниот раст на БДП годинава да изнесува 2,5 проценти а следната 2019 да 3 проценти. Стабилизирањето на политичката состојба ќе ја закрепне економијата. Раст на економијата ќе повлече и зголемената лична потрошувачка поврзана со повисоката минимална плата.

„Испитаниците го поврзуваат закрепнувањето на активноста во наредниот двегодишен период и со најавите за продолжување на проектите поврзани со патната инфраструктура и враќањето на довербата на домашните и на странските инвеститори“, стои во анкетата на НБРМ.

Министерството за финансии со буџетот годинава проектираше раст на БДП од 3,2 проценти.


Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.