Народна банка ја олабави монетарната политика – помали камати за благајнички записи

14.03.2018 | 17:58
Прочитано: 2848

Со цел да се зголеми кредитната активност, народната бака објави дека ја олабавува монетраната политика. „Комитетот оцени дека постои простор за олабавување на монетарната политика, при што на седницата беше одлучено каматната стапка на благајнички записи да се намали од 3,25% на 3,00%,ж – соопштија од НБМ. Се оценува дека економските основи се здрави, без присуство на нерамнотежа.

„Во однос на активноста во економијата, податоците за бдп за 2017 година покажуваат стагнација, главно заради падот на инвестициите, а овие остварувања не отстапуваат значително од проектираниот раст од 0,5% “ - се наведува во информацијата од Народната банка. Дел од економситите велат дека со потегот за олабавување на монетраната политика, практично се создава и простор не само за зголемување на кредитната активност, туку и за намалување на каматите.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.