Научна дебата за процесот на трансформација на УБК
09.11.2017 | 09:19
Прочитано: 882
Дебата „Безбедносни дијалози за процесот на трансформација на Управата за безбедност и контраразузнавање и механизми за контрола на следење на комуникациите“, ќе се одржи денеска во Скопје во организација на факултетот за безбедност.
На дебатата ќе говорат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Горан Николовски.
Целта на настанот е презентација на моделот и механизмите за контрола на следење на комуникациите и отворање на дебата за понатамошниот процес на трансформација на УБК согласно планот 3-6-9 на владата, како и имплементација на стандардите на Европската унија.
Post new comment