Наскоро можна операција на турските сили против Курдите во Сирија

17.01.2018 | 09:59
Прочитано: 1019

Почетокот на воената операција на турската армија против силите на сириските курди не е прашање на денови, туку на часови, објавија денеска турските медиуми.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган уште во саботата ја најави можноста за воена операција против силите за заштита на народот на сириските Курди.

Според агенцијата Анадолија, жителите на неколку градови во близина на границата веќе се упатуваат кон Алепо, кој е под контрола на сириските владини сили. Турските власти во вторникот воведоа воена состојба во реонот долж границата со Сирија.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.