Насилникот кој ги претепа двегодишното дете и сопругата заработи осум дена притвор

10.08.2018 | 17:03
Прочитано: 4394

Двегодишно дете кое  беше претепано од својот татко, кој за време на инцидентот бил во алкохолизирана состојба е во стабилна здравствена состојба,а на таткото му е одредена мерка притвор во траење од 8 дена. Од Клиниката за детска хирургија посочуваат дека детето е примено со симптоми на укажуваат на потрес на мозокот и без поголеми повреди, но за жал било во тешка трауматизирана состојба.

„Има голем број на хематоми и контузи по телото. Направени се испитувања, нема внатрешни крвавења. Беше поспано и бараше индикации за хоспитализирање, не знаевме за што се работи, но беше тешко истрауматизирано дете“, вели д-р Владимир Чадиковски - Клиника за детска хирургија

Спред првичните информации на Министерството за внатрешни работи, таткото под дејствие на алкохол го претепал едно од четирите деца, додека сопругата била на работа. Попладнето,  кога сопругата се вратила дома ги затекнала своите четири малолетни деца заклучени во соба. Во обид да им помогне и таа била физички нападната од пијаниот сопруг. Веднаш по пријавувањето на случајот дека таткото,  извршил семејно насилство врз децата и нивната мајка односно сопруга, специјализираниот стручен тим од Центарот за социјални работи на Град Скопје излезегол на терен.

„Во постојан контакт сме со клиниката и по добивањето на потребните информации дека детето е безбедно да ја напушти клиниката, но и усната изјава дека и мајката не се чуствува безбедно да се врати дома ќе бидат сите сместени во згрижувалиште за семејно насилство“, вели Наташа Станојевиќ - директор на Меѓуопштински центар за социјални работи

На Детска хирургија сеуште се лекува 14 месечното бебе кое заврши на КАРИЛ со скршеници на черепот и нозете и повреди на мозокот, после направените интервенции неговата здравствена состојба е подобрена. Мајката на бебето доби кривична пријава, но сеуште не се знае кој го претепа. Од центарот за социјани работи потенцираат дека семејното насилство е поврзано со злоупотребата на алкохол, но и економската зависност за жените од нивните сопрузи.


Јасмина Спасовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.