НАСА откри мрежа од тунели на Месечината

19.01.2018 | 09:37
Прочитано: 2143

Американската вселенска агенција (НАСА) открила тунели кои водат длабоко под површината на Месечината, за кои се проценува дека може да бидат идеални за нова лунарна база. Се работи за тунели кои настанале многу одамна од лава.

„Со оглед на нивната големина, облик, осветлување и геолошко окружување, станува збор за добри кандидати за лунарна база“, изјави директорот на истражувањето, доктор Пакал Ли.

До откритието научниците дошле разгледувајќи ги снимките од површината на месечината, на кои се гледаат дупки. Утврдиле дека тие дупки се всушност отвори на тунели, кои настанале, најверојатно, додека на Месечината имало вулканска активност.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.