Нарушувања на правата на мигрантите и бегалците, констатирал Хелсиншки

17.04.2018 | 13:12
Прочитано: 820

Неоправдано ограничување на слободата, мачење, понижувачки и деградирачки третман и неоправдано лишување од слобода, говор на омраза и дела од омраза кон мигрантите, се дел од нарушувањата на правата што ги констатира Хелсиншкиот комитет за човекови права во Извештајот за правата на мигрантите и барателите на азил во Македонија во текот на изминатата година.

„Бегалската криза е добра лекција дека некои територии од областа на почитувањето на правата што сме мислеле дека се освоени, не се, и оти се уште треба да се бориме за нив. Хуманоста што постои на хартија, не постои на дело. Минатата година се соочивме со валкана медиумска кампања, ксенофобија и омраза“, рече претседателката на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска.

Иако во Извештајот се потенцира дека интензитетот на мигрантската криза е намален во однос на 2016 година, од Комитетот посочуваат дека таа во никој случај не може да се смета за завршена, имајќи ја предвид ранливата состојба во која се наоѓаат, ризикот и опасноста по живот на мигрантите и бегалците кои се уште се во движење.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.