Напуштена црква во Нанси оди на продажба

10.09.2018 | 09:38
Прочитано: 535

Бискупијата на Нанси одлучи - црква која верниците ја имаат напуштено, а која е прескапа за одржување, да ја стави на продажба. Тие се надеваат цената да достигне 190.000 евра, а зданието старо повеќе од еден век може да се преуреди во станбена зграда, објавува француски „Фигаро".

Црквата Сен Жил е изградена 1905 година и им припаѓа на епископските власти, а не на градот. Поранешниот генерален намесник на Бискупијата, Робер Маршал жали што црквата е изградена така што е прескапа за одржување и признава дека можеби ваквиот оглас е и по малку бизарен.

Овој случај укажува на поширок проблем со кој Католичката црква денес се соочува - одржувањето на културното наследство, посочуваат познавачите. Од почетокот на 2018 година, Опсерваторијата за верско наследство продала или ставила на пазарот триесетина такви зданија.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.