Нападнат хотел во Кабул

20.01.2018 | 18:45
Прочитано: 1514

Талибански бунтовници нападнаа хотел во авганистанскиот главен град Кабул во кој се сместени странци, соопшти полицијата.
 
„Бомбаш-самоубиец активирал експлозив пред хотелот што се наоѓа во луксузен станбен реон на Кабул. Во зградата подоцна упаднале неколкумина терористи“, изјави портпарол на кабулската полиција.
 
Во моментот во хотелот има престрелка. Нема засега информации за загинати. Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците кои наведоа дека цел на нападите им се хотелот и црква во градот.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.