Наместо Пуџдемон, шпанската полиција ќе уапсела комичар

23.02.2018 | 13:09
Прочитано: 848

Шпанската полиција којашто е во потрага по Карлес Пуџдемон, за малку ќе уапсеше негов двојник - комичар кој се облекол како поранешниот каталонски лидер.

Комичарот Хоакин Рејес за локалните медиуми изјави дека шестмина полицајци му пришле дoдeкa, облечен како Пуџдемон, снимал скеч за ТВ комедијата „Интермедио“.

Тие и му кажале дека до нив стигнала дојава дека, токму во тоа предградие на Мадрид, се наоѓа бегалецот-одметник, кој инаку моментно се наоѓа во егзил во Брисел.

Секако, шегите на сметка на полицијата потоа, се неизбежни, истакнува комичарот.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.