Наместо економските промотори, странски инвестиции ќе бараат економски аташеа во амбасадите

02.08.2017 | 17:47
Прочитано: 3446

Наместо промотори, Владата ќе вработува економски аташеа во амбасадите. Новиот модел за привлекување на странски инвестиции ќе биде објавен кон крајот на септември, кога ќе биде распишан и конкус за вработување.

Сега во амбасадите нема лица што работат на  позицијата економско аташе. А според Агенцијата за странски инвестициии, во моментов Македонија нема ниту еден активен економски промотор.

„Конкурсот за нови економски промотори што беше објавен минатата година беше поништен и не беа избрани нови. Претходната Влада на активните економски промотори со патен налог од МНР им го продолжи мандатот кој што траше се до 30 јуни 2017 година. Сега се работи на  ремоделирање на досегашниот концепт на економски промотори. Улогата на економските промотори ќе ја превземат економски аташеа кои ќе бидат под контрола на економските ресори во Владата“ - велат од Владата.

Првичната проценка покажува потреба од околу 18  економски аташеа во земјите со кои што Македонија има најголем потенцијал за економска соработка. Од Владата велат дека, вкупниот број на лица кои ќе се ангажираат за оваа потреба како и начин на нивно ангажирање ќе биде дефиниарано со новиот модел за привлекување на инвестции.

Економските аташеа нема да ја промовираат Македонија само како добра дестинација за отпочнување на бизнис. Освен што ќе контактираат со компании во земјата во која работат, тие ќе прават промоција и на македонски производи со цел зголемување на извозот, а ќе бидат и линк за олеснување на соработката помеѓу домашнте компании и фирмите во земјата во која аташеата работат.

Јавноста досега беше поделена. Дали економските промотори беа добар концепт за привлекување на инвестиции или само можност за вработување на партиски послушници. Минатата година Македонија имаше 32 промотори, а за нивните плати беа потрошени над милион евра.

 


Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.