Најпосетените плажи на охридското крајбрежје – немаат ниту спасувачи, ниту прва помош

17.07.2018 | 20:21
Прочитано: 6251

За влакно лошо ќе завршеше авантурата „Прошетка со педалинка“ низ Охридското езеро за група девојчиња на една од попознатите плажи долж охридското крајбрежје пред некој ден.

И сето тоа поради старите лоши навики на концесионерите да издаваат плажи на кои немаат стопроцентна безбедност за капачите. Немаат спасители, не даваат елеци и не ја исполнуваат законската обврска. Дополнително, издаваат пловни објетки, а немаат контрола врз нив. И тоа трае со години, а никој не превзма ништо велат од Црвениот крст кои ова лето ќе дежураат со околу 60 спасители.

Најопасно е што без потребната опрема исклучиво работат плажите на кои има најголема фреквенција на луѓе. Секое лето во просек екипите на Црвениот крст имаат по 1000интервенции на прва помош и околу 30 акции на вадење давеници. И оваа година иако никој не го слуша, апелот е ист, да се подигне свеста и да се исполнуваат законските обврски за да има лето без смртност на капалиштата.

Инаку водата во Охридското езеро моментално е со температура од 24 степени - препорачлива за капење која значи полни плажи и многу капачи, па препораките се и повеќе од задолжителни.


Адријана Митевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.