Најмалку по три интервенции со давеници дневно во Охридското Езеро

09.08.2018 | 18:03
Прочитано: 3087

Спасителите на Црвениот Крст со полни раце работа оваа сезона.По најмалку три интервенции дневно, спасувачките тимови глава не можат да кренат од давеници во Охридското езеро. За среќа досегашните  со позитивен исход.Причината топлотните удари,алкохолот и неадекватно управување со реквизити, најчесто педалинки.

„Интервенциите се наше секојдневие, будно следиме што се случува на крајбрежјето. Само во текот на вчерашниот ден имавме три интервенции кои се случија на плажа и на базен во областа „Парк“. До сега е интервенирано од страна на спасувачите во повеќе од 15 случаи со давеници“, вели Ристе Филипов - спасител на Црвен Крст -Охрид

Ваквите зачестени случаи се резултат на непослушноста на концесионерите на плажите кои децении наназад не обезбедуваат услови за капачите вели Сашо Точков од Црвенио Крст.

„Се уште триесет проценти од плажите не се безбедни, немаат безбедносни услови за капење и спорт согласно законската регулатива на Министерството за транспорт и врски.  Уште полоша е ситуацијата со плажите во Струга и Преспа каде педесет проценти од плажите не се безбедни“, вели Сашо Точков - претседател на Црвен Крст - Охрид

Апелот е ист, капачите да бираат кои плажи ќе ги користат ,да внимаваат дали тие нудат безбедни услови и внимателно да влегуваат во вода, без консумација на алкохол или други животозагрозувачли супстанци.И да користат скутери и педалинки со безбедносни појаси и само доколку знаат да пливаат.


Адријана Митевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.