Најмалку 50 жртви во авионската несреќа на аеродромот во Катманду

12.03.2018 | 13:06
Прочитано: 1730

Најмалку 50 лица загинаа кога авион на кoмпанијата „ЈуЕс-Бангла Ерлајнс“ (US-Bangla Airlines) се урна при слетување на меѓународниот аеродром во Катманду.

На летот имало вкупно 67 патници и четворица членови на екипажот за кои се уште се чекаат информации. Според други медиуми, загинале 38 лица, а 23 се повредени.

Би-Би-Си пренесе дека „Катманду пост“ јавил оти авионот се урнал во источниот дел на пистата и оти од леталото се спасени 17 лица.

Прво беше јавено дека авионот, кој долетувал од Дака, при слетување излетал од пистата и се запалил.

Потоа некои светски медиуми, повикувајќи се на портпаролот на аеродромот јавија дека авионот не успеал да слета на пистата и оти се урнал на блисиот фудбалски терен.

„Њујорк Тајмс“ објави дека авионот се урнал на поле до аеродромот.

Спасувачката операција по евентуални преживеани се уште трае.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.