Најмалку 199 загинати во поплавите и свлечиштата во Јапонија

12.07.2018 | 08:44
Прочитано: 266

Поплавите и свлечиштата што од минатата недела ги зафатија западните делови на Јапонија, ги однесоа животи на најмалку 199 лица, соопшти денеска портпаролот на Владата во Токио, Јошихиде Суга.

Тој инфромира дека јапонскиот премиер Шинзо Абе на состанокот на Кризниот штаб наредил да се дејствува што е можно побрзо за да им помогне на настраданите.

Абе, кој ја откажа посетата на четири земји, меѓу кои и Белгија и Франција, вчера замина во провинцијата Окајама - една од најпогодените области заедно со Хирошима, а денеска ќе посети уште еден погоден регион.

Абе не даде изјава, туку зборуваше со неколку локални жители.

Покрај потврдените 199 мртви, властите наведуваат дека десетици луѓе и натаму се водат како исчезнати, а медиумите посочуваат дека таа бројка изнесува околу 60.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.