Најбогатиот лекар во САД го купи „Лос Анџелес тајмс“ за 500 милиони долари

08.02.2018 | 12:34
Прочитано: 2073

Заврши тензичниот период во сопствеништво на Чикаго трибјун. Весникот „Лос Анџелес тајмс“ ќе помине во рацете на локалниот милијардер Патрик Сон – Шионг за цена од 500 милиони долари.

Патрик сон - Шионг е еден од најбогатите луѓе во Лос Анџелес и според податоците на Форбс најбогат лекар во САД со имот од 7,8 милијарди долари.

Сон-Шионг има удел и во кошаркарскиот клуб Лос Анџелес Лејкерс. Пред него, основачот на Амазон Џеф Безос го купи Вашингтон пост за 250 милиони долари, а сопственикот на безбол клубот Бостон ред сокс, Џон Хенри го презеде Бостон глоуб за 70 милиони долари.

Лос Анџелес тајмс првпат по 18 години ќе биде во локално сопствеништво. Весникот неодамна го смени главниот уредник, третпат во последните шест месеци, а новинарите првпат во 136 години се организираа во синдикат.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.