Наградата „Автомобил на годината” официјално е доделена на брендот Dacia за моделот Duster

10.05.2018 | 13:51
Прочитано: 2034

По 23-пат Македонија го доби автомобилот на годината. Вчеравечер за време на свечената манифестација во винаријата Камник на која присуствуваа бројни гости, пријатели на импортерот и љубители на автомобилите официјално беше доделена блескавата статуетка на брендот DACIA за најновиот модел на DUSTER. 

Претседателот на стручното жири по своето обраќање и образложување на одлуката во име на жирито - г-динот  Горан Антевски  му го предаде признанието на г-динот Жељко Барбарич - менаџер за продажба на групацијата Renault за регионот Адриатик.   


„Националното Жири се раководеше од шесте критериуми: адекватност и понуда на домашниот пазар, економичност и еколошка прифатливост, безбедност и примена на технолошки достигнувања, возни својства,  дизајн и комфор и опременост. Секогаш е тешко да се одбере најдобриот во сегментот на пазарот што постојано расте, но моделот Dacia Duster не е само уште едно СУВ возило. Тоа е автомобил што сигурно ќе ги задоволи личните, семејните па дури и бизнис потребите. Dacia Duster се издвои според критериуми што се особено важни за македонскиот пазар, како што се адекватност и понуда на домашниот пазар, каде Dacia Duster ја направи решавачката предност.” – изјави г-динот Горан Антевски.

Блескавата национална награда “Автомобил на годината” официјално доделена на брендот DACIA за моделот DUSTER
 
По 23-пат Македонија го доби автомобилот на годината. Вчеравечер за време на свечената манифестација во винаријата Камник на која присуствуваа бројни гости, пријатели на импортерот и љубители на автомобилите официјално беше доделена блескавата статуетка на брендот DACIA за најновиот модел на DUSTER. 


Претседателот на стручното жири по своето обраќање и образложување на одлуката во име на жирито - г-динот  Горан Антевски  му го предаде признанието на г-динот Жељко Барбарич - менаџер за продажба на групацијата Renault за регионот Адриатик.   
 
При преземање на наградата  г-динот Барбарич изјави: “За Renault групацијата 2017 – та година беше исклучително важна. Алијансата со NISSAN се покажа како неверојатно успешна приказна која го осигури местото број 1 на светско ниво. Исто така групацијата оствари 4 рекорди по број на продадени возила, вкупни приходи, нето добивки и оперативна маржа.

Со модели како што е новиот Dacia Duster и вакви партнери во Македонија како Аутомотив Груп сигурен сум дека пред нас се нови рекорди.“

За време на свечената манифестација беше доделено и признанието „Томислав Билљарац“  за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија на Владимир Воиновски од Еуроимпекс.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.