Награда за ТВ 24 на манифестацијата „Сајт на годината“

17.12.2017 | 12:23
Прочитано: 1880

Вебсајтот на Телевизија 24, www.24vesti.mk, освои второ место во категоријата „Вести и информации“ на манифестацијата „Сајт на годината“ за 2017 година.

ТВ 24 беше единствена од телевизиите што доби награда за својот сајт.

Во оваа категорија прво место освои сајтот факултети.мк, а трето место, бизнисвести.мк.

Се доделија награди во 18 категории, за е -трговија, за мобилна апликација, за храна, за банкарство...

Манифестацијата "Сајт на годината" е во организација на Media Solutions и системот за онлајн реклами keepaneye.mk се одржува по осми пат оваа година.

Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградување на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет културата во Македонија.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.