На Жените во Саудиска Арабија ќе им биде дозволен влез на стадионите

09.01.2018 | 12:34
Прочитано: 1303

Жените во Саудиска Арабија од оваа недела ќе можат да седат на трибините на фудбалски натпревари во три градови во кралството.

На 12 јануари стапува во сила декретот усвоен лани во октомври, со кој се укинува забраната за жените да присуствуваат на фудбалските стадиони како гледачи. За нив ќе бидат отворени и посебни оддели, пренесува „Арабијан бизнис".

Влезот на стадионите ќе се проверува со електронски систем, а за тоа државата разви и посебна програма за продажба на картите.

Во јуни минатата година, Саудиска Арабија ја укина и забраната за возење автомобили за жените, одлука која стапува во сила од јуни годинава.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.