На Заев ќе му се суди за барање поткуп, не важат пи-мерките

15.05.2018 | 17:14
Прочитано: 3773

Од една до пет години затвор е казната со која се соочува премиерот Зоран Заев. Обвинителката од организиран криминал Валентина Бислимовска се пишмани и пред да биде донесена пресудата го смени делото. Наместо примање поткуп,за што е предвидено над пед години затвор, сега е гонет за обидот да заеме поткуп, како градоначалник на Струмица.

„Пред поднесување на обвинението и од сите докази, а посебно од сведокот Иван Николов дека не дал пари, таквата последица и не настанала. Произлегува дека немало имотна корист, што значи немало поткуп.“ - изјави Бислимовска.

Преквалификацијата на делото според него е обид да се испере срамот кој претходниците на Бислимовска го нанеле на обвинителството, смета Заев. Неговите адвокати бараат да биде ослободен, бидејќи самиот сведок, кој според нив е агент провокатор кажал оти добил инструкции од обвинителот да го провоцира Заев да зборува за наводното мито од 160 000 евра.

„Верувам дека најмалку што можело да го направи обвинителството за да ја сочува честа и достоинството на ЈО. Ова е срам за ЈО во тоа време што се случувало и како било злоупотребено. Веројатно не се повлекуваат од обвинението и јасно е како бел ден, според мене, дека единствено до крај да го потврдат срамот врз обвинителството за јавен криминал.“ - изјави Зоран Заев.

Откако деллото беше променето, судијката Добрила Кацарска и тројцата поротници се повлекоа од овој случај. Кацарска која екс премиерот Груевски ја посочуваше дека има таен дил со Заев сепак нема да ја пишува пресудата. На премиерот ќе му пресуди судијата Дарко Тодоровски. Токму за него во јавноста лани кружеа шпекулации дека е еден од членовите во кривичниот совет кој е расположен да му одреди притвор на Никола Груевски и најблиските функционери во случајот Титаник.

Пред одлучување адвокатите побараа негово изземање, иако имињата на судиите беа тајна, а во тој период беше поведена и постапка за негово разрешување во Судскиот совет. Тајните снимки кои протекоа од градоначалничкиот кабинет на Заев и каде се зборува за евра кои Заев ги бара од Николов, нема да важат, откако обвинителката ја смени квалификацијата и го омекна делото.

 


Христина Беловска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.