На улиците на Стокхолм се појавија автобуси без возачи

26.01.2018 | 11:44
Прочитано: 1752

На улиците на шведскиот главен град Стокхолм, се појавија јавни автобуси кои се управуваат самостојно, без возач.

Автобусите сообраќаат по однапред одредена рута со должина од 1,5 километри и брзина од 20 километри на час, а користат GPS и сензори кои овозможуваат возилата да не скршнат од својата патека.

Поради шведските закони во автобусот и натаму има возач, но тој е вклучен во управувањето со возилото само во случај на опасност. Инаку, во овие автобуси има седишта за 12 лица, а нивната употреба е бесплатна.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.