На Нов Зеланд падна снег среде лето

21.02.2018 | 15:19
Прочитано: 2672

Циклонот Гита го погоди Нов Зеланд, предизвикувајќи обилни врнежи од дожд во низините и снег на повисоките предели среде лето.

Ветровите дуваа со брзина до 140 километри на час, а во градовите паднаа повеќе од 200 мм дожд за само 18 часа, што претставува третина од годишниот просек.

Скијалиштето Коронет Пик, кое е на висина од околу 1.000 метри, е прекриено со снежна покривка од 10 до 15 цм. Управникот на скијалиштето Рос Лоренс вели дека на некои места има и до половина метар снег, но очекува дека тоа нема долго да трае.

„Февруари е, Сонцето набрзо повторно ќе се појави“, изјави тој.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.