На Френсис Мекдорманд и го украле Оскарот, уапсен крадецот

06.03.2018 | 10:53
Прочитано: 1771

Полицијата во Лос Анџелес соопшти дека е уапсен маж кој е осомничен дека и ја украл статуетката Оскар на актерката Френсис Мекдорманд, по церемонијата во Долби театарот.

На Мекдорманд наводно и била украдена статуетката за време на балот, кој беше одржан по доделувањето.

Портпаролката на полицијата Розарио Херера изјави дека четириесет и седумгодишниот Тери Брајант бил уапсен поради сомнеж дека сторил кривично дело тешка кражба, а на актерката и бил вратен Оскарот.

Мекдорманд доби Оскар за најдобра женска улога за улогата во филмот „Три билборди пред Ебинг во Мизури“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.