На белграѓанка и извадиле тумор тежок 18 килограми

05.07.2018 | 14:05
Прочитано: 1742

Комплексен хируршки зафат за отстранување липосарком - редок вид тумор од поголеми димензии е успешно изведен во Воено-медицинската академија во Белград, благодарение на мултидисциплинарниот пристап на лекување, јави Танјуг.

Состојбата на 51-годишната пациентка е стабилна и таа е пуштена на натамошно домашно лекување, соопштија од болницата. Оваа малигна појава е ретка и проследена со неколку симптоми. Во конкретниот случај, туморот во стомакот, со пречник од 50 сантиметри и маса од околу 18 килограми е успешно локализиран.

Иако за липосаркомот операцијата се смета за најефикасен метод на лекување, сепак, тоа важи и за ризичен зафат, посебно кога туморот е од големи размери. Тоа додатно го зголемува ризикот по крвните садови и абдоминалните органи.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.