На белгиски новинар му се заканува протерување од Србија

19.02.2018 | 13:50
Прочитано: 1014

На дописникот на неколку странски медиуми во Србија, Филип Бертиншан му се заканува протерување од Србија, соопшти организацијата „Репортери без граници“.

На Бертиншан му се заканува протерување под изговор дека претставува закана за јавниот ред и националната безбедност.

Репортери без граници тврдат дека таа одлука не е со ништо мотивирана, ниту оправдана.
Пред носењето на одлуката тој бил повикан од страна на Спрската служба за безбедност на детални информативни разговори во април 2017 година, ден по претседателските избори во Србија, во кои известувал како новинар.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.