На 19 март ќе почне со работа новиот филтер во депонијата Дрисла

13.03.2018 | 13:57
Прочитано: 819

На 19 март ќе почне со работа новиот филтер во депонијата Дрисла, а веќе е определена и локација за регионална депонија во Североисточниот регион. 

Ова денеска го најави заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, според кого консултанти имаат определено и локација за регионална депонија во Југозападниот регион.  

 

Апелирам до општините во кои на пример има осум или десет илегагални отпади, да не даваат отпор, туку да ги фатат европските текови и да направиме регионални депонии во кои од ѓубрето ќе правиме профит и од отпадот ќе генерираме работни места кои ќе се грижат на современ европски начин да го менаџираме отпадот, изјави Макрадули пред денешната меѓународна конференција за управување со отпад.

 

Проценките покажуваат дека во државата има меѓу 66 и 88 илегални депонии, а како што посочи Макрадули, во една општина каде градоначалникот се уште се двоуми, има осум илегални депонии.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.