МВР тврди дека се е законски во набавката на шкоди за милион евра без тендер

14.03.2018 | 18:49
Прочитано: 2058

45 шкоди што МВР ги купило со чешка донација од еден милион евра од кумановската комапнија „Делукс-ауто“, морало да се набават по итна постапка – се огласија од министерството.

Ова следува откако балканската истражувачка мрежа Бирн објави дека кумановската фирма, која го добила тендерот била аеден од донаторите на сега владеачката партија за време на изборите во 2016 година. Според МВР, на набавката без тендер инсистирале Чесите, бидејќи парите требало да се потрошат до октомври лани. Од МВР велат дека е испочитувана целата постапка за набавка, а да се води како итна е добиено зелено светло од Советот за јавни набавки, кој токму оваа Влада го укина како неефикасен.

„Набавката на возилата од чешката донација е нпаравена во крајно транспарентна постапка по претходна добиена согласност од советот за јавни набавки на 23 авуст 2017. Набавката на возилата е направена до причина на крајна итност со постапка на приговарање поради итната потреба на граничната полиција кјоја во тој период се соочуваше со големи проблеми во транспортот и логистиката на северната и јужната граница.“ - изјави Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Од МВР објаснуваат дека ако се одело на редовна постпка ќе требало да потрошат најмалку шест месеци за да ја направат набавката, но и дека не прават увид во списоците на донатори на партиите во процесите на набавките.

Според дел од  експертите, постпките кои се правдаат со итност често се и најпроблемтични. Поранешната антикорупционерка Слаѓана Тасева  вели дека итноста може да биде оправда само кај непредвидени и со критериуми условени со ексклузивни набвки.

„Не ми се познати деталите за овој случај но сепак треба да се провери од аспект на потребата од истиот но и од аспект на правилата за конкурентност и судир на интереси, со оглед дека лицето е донор на партијата, но и еветуални други основи за поврзаност со одговорните лица во органот кој ја спроведува постапката.“ - вели тасева.

Бобан Спасовски, сопственикот на компнаијата „Делукс-ауто“, во изјава за ТВ 24 вели дека нема донирано пари на СДСМ, само услуги.

„Немаме донирано парични средства  на ниту една политичка партија, ниту на посочената СДСМ. Ние како овластен сервис вршоме сервисирање на возила на сите кои ќе се појават интерес за нашоте услуги  без при тоа да правиме селекција дали се работо за политички партии или државни институции, за што издаваме фактура за завршената поправка.“ - вели Спасовски.

Инаку на преговорите за итна набавка на возилата за МВР покрај кумановскат компанија учествувале уште четири други компании, кои по изборот не поднеле жалби.

 


Ирена Смиљанска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.