Мун Џае-ин тврди дека е можна тристрана средба на врвот со Северна Кореја и со САД

21.03.2018 | 09:23
Прочитано: 629

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин изјави денеска дека е можна тристрана средба на врвот со Северна Кореја и САД.

„Спроведување преговори меѓу лидерите на Северна Кореја и на САД по средба на врвот меѓу двете Кореи, само по себе ќе биде историски настан. И во зависност од тој резултат може да се одржи тристрана средба меѓу лидерите на Северот, на Југот и на САД“, изјави Мун Џае-ин.

Тој го посети Комитетот за подготовка на меѓукорејска средба на врвот. Според него, средбите треба да имаат за цел прекин на нуклеарната закана на Корејскиот полуостров.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.