Мукоски и Василевски излегуваат од притвор?

18.03.2018 | 17:34
Прочитано: 6553

Пратеникот Крсто Мукоски очекува дека ќе излезе од притвор. Неговиот адвокат е оптимист дека врховните судии ќе го пуштат да се брани од слобода бидејќи има нови моменти во овој предмет. Во телефонски разговор за тв24 адвокатот Игор Кичеец вели дека истрагата е завршена и со тоа се отфрла можноста да се влијае врз сведоци, аргумент кој обвинителството го наведува за да го обезбеди притворот.

Според најавите семејството  на Мукоски го нуди целиот имот како гаранција дека нема да побегне.  Мукоски, но и неговиот колега Сашо Василевски се повикани на јавна седница во Врховен суд во вторник по што се очекува потоа да има одлука дали е потребно продолжување на притворот.

Во меѓувреме, обвинителството го подготвува обвинението кое ќе го поднесе наредниот месец и ќе треба да го оценува Советот во Кривичниот суд. Доколку скопска „единица“ даде зелено светло, 35мина осомничени ќе станат обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Меѓу нив уште четворица пратеници, поранешниот шеф на МВР, Митко Чавков,  оперскиот пејач Игор Дурловски, режисерот Борис Дамовски и поранешни началници во МВЕ и собраниски служби.


Христина Беловска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.