Мост во Турција, стар 300 години, исчезна без трага

08.10.2018 | 13:03
Прочитано: 2806

Мост во северна Турција, стар 300 години, исчезна без трага, а сомнежите на локалните власти говорат дека е украден постепено и тивко, „камен по камен“, објави „Хуриет дејли њуз".

Жители на селото Арсланџа во округот Ѓумушхане, забележале дека мостот, којшто тие и онака ретко го користат, го нема. Прво, тие мислеле дека тој бил уништен во неодамнешните поројни дождови, но чудно е тоа што од мостот нема останато ни камче.

Извештаите на властите говорат дека мостот сепак, е можно да е разурнат во поплавите што се случиле пред три месеци.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.