МОС и Тврдокорни на протест против двојазичноста

21.01.2018 | 11:58
Прочитано: 2489

Македонски обединети сили , „Тврдокорни“ и уште неколку здруженија денеска во 13 часот пред Собранието на Македонија организираат „Протест против двојазичноста и албанизација на Македонија“.

Според организаторите, двојазичноста е губење на  македонскиот карактер на државата. „Браќа Македонци ве повикуваме да се придружите на протестот против двојазичноста. Слушнете го плачот на Мајка Македонија и дојдете в недела на 21-ви јануари во 13 часот пред Собранието“, се вели во поканата.

„Двојазичноста е губење на македонскиот карактер на државата. И не само тоа, со двојазичноста директно ја губиме и самата држава. Македонија по секоја цена треба и мора да остане дом на македонскиот народ“, се додава во објавата.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.