Модриќ затајувал данок, доби осум месеци затвор

22.09.2018 | 14:07
Прочитано: 7165

Лука Модриќ зачекори по стапките на Роналдо и на Меси не само кога се во прашања наградите и достигнувањата, туку и во матните работи.

Хрватскиот плејмејкер на Реал Мадрид прифатил затворска казна од осум месеци за обвинувањата за затајување данок. Даночната управа на Шпанија го товари Модриќ за измама тешка 870.728 евра, пари кои ги заработил од маркетиншките договори.

Проблемот настанал затоа што Модриќ овие пари ги примал на име на фирма која ја отворил во Луксембург, токму за оваа намена, да го избегне оданочувањето во Шпанија. Фирмата ја крстил Ивано, по син му, а ја раководела неговата сопруга, Вања. Во 2013 година затаил 290.990 евра, а во 2013 - 579.738 евра.

Поради тоа што го признал злоделото, Модриќ ќе плати само 40 отсто од штета која ѝ ја нанел на шпанската држава, односно 348.291 евро, а веќе познато е дека казната затвор е само формална. Секоја казна затвор која е пониска од две години може да се компензира парично, па затоа Модриќ овие осум месеци ќе ги плати по 250 евра дневно или 60.000 евра вкупно.

Ова не е првпат да се случува со фудбалерите во Шпанија, по истите стапки одеа и Меси, потоа и Роналдо, сепак за значително повисоки, милионски суми.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.