Мишел Обама по една година откри: Меланија Трамп ми подари рамка за слика

01.02.2018 | 11:32
Прочитано: 4447

Поранешната прва дама на САД Мишел Обама конечно по една година, откри што се наоѓало во сината мистериозна кутија од „Тифани", што Меланија Трамп и ја подари на ден на инаугурацијата на Доналд Трамп за американски претседател.

„Тоа беше убава рамка за слика, рече Мишел при гостувањето во емисијата на Елен Деџенерис.

Натаму, таа додаде дека тоа било вон протоколот. „Постои протокол. Тоа е на ниво на државна посета, па ти велат - направи го ова, овие стојат овде и друго... Никогаш претходно не се давал подарок во таа прилика, така што размислував што да правам со тоа“, објасни Мишел Обама.

„Размислував дали да се сликаме со подарокот... А тогаш мојот сопруг „не спаси“. Ја зеде кутијата и ја тргна одзади“, додаде Мишел Обама.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.