Миркуловски: Со навивачите, со знаење и со среќа одиме до полуфинале

17.01.2018 | 23:18
Прочитано: 1778

Македонската ракометна репрезентација како првопласирана ја заврши групната фаза. Вечерва со европскиот првак Германија, Македонија одигра нерешено 25:25.

- Доста беше пласман во следна фаза, сега со навивачите, со знаење и со среќа ќе можеме и до полуфинале. Завршивме први во група пред Германија и Словенија и нема застанување. Одиме чекор по чекор, имаме три дена за одмор, добро ќе ги залечиме повредите. Чешка е незгодна репрезентација, но имаме добар скор со нив. За Шпанците ќе имаме мала предност дека го имаме Раул на клупа, изјави во микс зоната Филип Миркуловски.

Македонија првиот натпревар од групата ќе го игра на 21.јануари.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.