Министерството за финансии размислува повторно да издаде еврообврзница

25.05.2018 | 17:15
Прочитано: 1871

Владата размислува повторно да издаде еврообврзница во следните три години. Излегувањето на меѓународниот пазар на капитал е ставено како извор за финансирање во стратегијата на Министерството за финансии што Владата ја усвои на последната седница.

Во неколкуте сценарија се планира да земат заеми и од домашниот пазар, но и да се повлечат пари од веќе склучени кредити од меѓународните финансиски институции.

Во следните три години Владата планира рекордно ниво на задолжување. Во 2020 година тоа ќе изнесува 54,8% од БДП, што е за над 7 процентни поени повеќе од лани, кога Македонија имаше долг од 4,7 милијарди евра.

„Анализирани се четири алтернативни стратегии на финансирање. Се
додаваат одредени неповолни шокови на девизниот курс и каматните стапки со цел да се согледа ефектот врз нивото и портфолиото на долгот во такви услови. Анализата на пазарот укажува дека постои интерес од страна на инвеститорите за новиот 30 годишен инструмент, заради што оваа стратегија предвидува поголемо финансирање преку 30 годишните државни обврзници со девизна клаузула“ - велат од Министерството за финансии.

Државата ќе се задолжува за изградба на капитални проекти, да се финансира буџетскиот дефицит и да се отплатат стари долгови. Економистите предупредија на умерено менаџирање со парите.

„Големи кредити се предвидуваат ја јавните претпријатија, за инфраструктурна изградба на Македонија, не е лошо да се направи инфраструктурна изградба, но таа мора да соодветствува со нивото на развој на Македонија. Затоа што ние не можеме да претендираме да имаме хипер развиена инфраструктура со релативно среден доход по глава на жител колку што сме, според сегашното ниво на развиеност сега, таа инфраструктура после ќе бара и одржување, индиректни се приходите и многу споро се враќаат и прашање е дали ќе ја поттикнат економијата, но расходите за неа ке мора да се отплаќаат.“ - вели Никола Поповски, универзитетски професор.
 
Во стратегијата се очекува бруто домашниот производ во следните три години да се зголеми на 5, а буџетскиот дефицит да стигне до 2%. 


Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.