Министерство за правда на САД и ФБИ ја испитуваат компанијата Кембриџ аналитика

16.05.2018 | 12:40
Прочитано: 877

Американското Министерство за правда и ФБИ вршат истрага во британската компанија за политички консултации Кембриџ аналитика, која беше во центарот на скандал за незаконско користење лични информации на корисници на Фејсбук, објави Њујорк тајмс.

Обвинители имале разговори со поранешни вработени во компанијата и банки кои ја опслужувале, наведува весникот, цитирајќи висок претставник од администрацијата на САД и извори блиски до истрагата.

Кембриџ аналитика веќе објави дека престанува со работа. Истрагата е насочена на финансиските операции на компании и анализира како тие се здобиле и користеле лични податоци преземени од Фејсбук и други извори, наведува весникот.

Засега нема коментар од Министерството за правда и од ФБИ.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.