Министерот Тевдовски и гувернерот на Народна банка Ангеловска-Бежоска во работна посета на Брисел

25.05.2018 | 17:24
Прочитано: 1788

Гувернерот на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски, денес присуствуваа на министерскиот дијалог помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан и Турција во Советот на ЕУ, во Брисел. Овој дијалог, секоја година се одржува во рамки на Програмата за економски реформи на земјите-кандидати.

На состанокот, земјите од ЕУ и земјите од Западен Балкан и Турција ги усвоија заедничките заклучоци од овогодинешниот економски и финансиски дијалог. Заклучоците содржат позитивни оценки за поставеноста на монетарната политика, стабилноста и остварувањата на банкарскиот систем, вклучително напредокот во однос на намалувањето на степенот на евроизација на билансите на банките и на нефункционалните пласмани.

Земјите на ЕУ, Европската комисија и Европската централна банка препорачуваат да продолжи стратегијата на стабилен девизен курс, која е во прилог на одржувањето на ценовната стабилност во економијата. Имплементацијата на стратегиите за управување со нефункционални пласмани и деевроизација, кои беа претходно препорачани во рамки на овој дијалог и тековно се во процес на консултација со други релевантни институции, во иднина се очекува да придонесат за натамошно подобрување на монетарната трансмисија и на кредитирањето на приватниот сектор.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.