Мило Ѓукановиќ ќе се бори за нов претседателски мандат

20.03.2018 | 10:07
Прочитано: 877

Лидерот на Демократската партија на социјалистите во Црна Гора (ДПС), Мило Ѓукановиќ ќе биде кандидат на партијата на претседателските избори во Црна Гора, закажани за 15 април.

Главниот одбор на ДПС синоќа едногласно одлучи да го кандидира Ѓукановиќ на изборите.

„Таа одлука е резултат на мојата одговорност кон наследството, кон потребите за идниот развој на Црна Гора, нејзината демократизација и неопходноста од натамошно усвојување на западните вредности во црногорското општество“, оцени поранешниот претседател и премиер на Црна Гора.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.