Мицкоски: Ќе одбијам амнестија за Груевски и Мијалков, доколку ми биде понудена

13.09.2018 | 17:17
Прочитано: 8130

Нема да прифатам, ниту пак да се пазарам за амнестија за Груевски и Мијалков во замена на поддршка на референдумот, тврди  лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски за 24 анализа.

Мицкоски вели дека калкулирањето со ставот не е да се крене цената на партијата за евентуална амнестија, туку консултации со граѓаните. Пазар со националните интереси, вели Мицксоки е спротивно на неговите принципи.

„Не знам на што би се однесувала таа амнестија. Но, ќе ви одговорам, ќе одбијам. Но, не знам за што би била таа амнестија, за никој од нив нема правосилна пресуда. Ние како ВМРО-ДПМНЕ и нашата анализа и анкети и водени разговори со граѓаните, донесеовме одлука на граѓаните да им понудиме одлука најдемократска на свет, сами да одлучат како да постапат на референудмот.“ - изјави Мицкоски.

Наспроти тврдењето на лидерот на опозицијата, власта обвинува - на ВМРО ДПМНЕ не и е важна евроатланската интеграција, ниту обвинетите за настаните од 27ми април – туку само поранешното тесно раководство.

„За жал раководството на опозицијата кога на една страна на вагата ги стави интересите на државата, а на друга страна интересите на неколкумина кои се виновни за криминал, го избра второто. Поважни им се пет-десет-петнаесет луѓе кои ја злоупотребија нашата доверба отколку државата. На сите преговори тие бараа амнестија, и не беше тоа амнестија за 27 април, не ги ни спомнаа тие, ги искористија и ги фрлија. Единсвената амнестија е за првите пет-шест луѓе, другите ги пуштија низ вода.“ - изјави Радмила Шеќеринска.

Мицкоски немаше прецизен одговор дали тој ќе гласа на референдумот, одговорот го остави за денот на гласање, но рече дека со повикот граѓаните сами да донесат одлука, НЕ повикува на тивок бојкот.


Андријана Лазова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.